Откриен најраниот доказ за христијанството 

Археолозите ги открија најраните познати докази за христијанството северно од Италија.

Откривањето на сребреното писмо на латински јазик е наречено едно од најзначајните сведоштва на раното христијанство, објавија медиумите.

Артефактот, чие откритие минатата недела го објави Археолошкиот музеј во Франкфурт, се нарекува Сребрена плоча на Франкфурт, а беше откриен во 2018 година и беше подложен на долгогодишна анализа и проучување, чии резултати сега се објавени, објави Фокс њуз.

Записот е на сребрена фолија и се состои од 18 реда напишани на латински, а датира од периодот од 230 до 260 година од нашата ера.

Фолијата беше завиткана во мала, сребрена амајлија.

Според германските археолози, артефактот е пронајден во гробница од третиот век во градот Хесен, каде некогаш се наоѓал античкиот римски град Нида.

Записот започнува со зборовите “Во името на Свети Титус! Во името на Исус Христос, синот Божји!”

Користејќи томографија и најсовремена опрема, научниците го дешифрираа текстот во мај. Професорот од Универзитетот Гете, Маркус Шолц, укажа на важноста на овој уникатен запис, посочувајќи дека е на латински, а не на хебрејски или грчки јазик и дека воопшто не го спомнува јудаизмот или паганските елементи, поради што откритието е сепак попосебно. .