ОТКРИТИЕ ВО ЕГИПЕТ: Археолозите ја барале гробницата на Клеопатра, а потоа пронашле нешто НЕВЕРОЈАТНО – ова не го очекувале

Во процесот на истражување на античкиот храм во Тапосирис Магна, барајќи го местото каде што била погребана Клеопатра , археолозите дошле до неверојатно откритие. Наместо гробница, пронајден е уникатен тунел, кој го опишаа како „геометриско чудо“.

Потрагата по гробот на египетската кралица Клеопатра, жена која остави длабока трага во светската историја, трае речиси две децении. Сепак, сите обиди досега беа неуспешни.

Неодамна, археолозите, во потрага по неа, пронајдоа уникатен тунел во античкиот храм Тапосирис Магна , а нивното откритие го објави научното списание Science Alert. Taposiris Magna – египетска ризница полна со изненадувања.

Античкиот храм на местото Тапосирис Магна, кој бил изграден околу 280 година п.н.е благодарение на Птоломеј II, претходно на археолозите им дал неколку важни откритија. Во него во неколку наврати биле пронајдени монети со ликот на Клеопатра и Александар Македонски, како и статуи на Изида.

Сепак, последното откритие е можеби најзначајното од сите. Станува збор за уникатен тунел издлабен во темелите на храмот, во кој во гробници се скриени посмртните останки на грчко-римските херои од таа ера. Архитектурата на тунелот потсетува на аквадуктот Еупалинос од 6 век п.н.е., кој претходно бил откриен на островот Самос и кој отсекогаш бил познат како пример за супериорно инженерство. „Геометриско чудо“ е високо 2 метри, а долго над 1000 метри

Египет

Иако археолошките истражувања не ги донесоа очекуваните резултати, научниците се презадоволни од нивното откритие. Тунелот за кој велат дека е вистинско „геометриско чудо“ се наоѓа на длабочина од 13 метри под земја, висок е 2 метри, а долг 1305 метри. Еден дел од него е дури и под вода. Покрај тунелот, пронајдени се и парчиња античка керамика и правоаголен блок од варовник чија цел допрва треба да се истражи.

Поради овие околности, истражувањето стана за нијанса понапорно за извршување, но археолозите сè уште не губат надеж дека историјата на античкиот храм конечно ќе стане појасна. Во овој момент тие се речиси сигурни дека гробниците на Клеопатра и Марк Антониј би можеле да бидат многу слични на пронајдените, но останува прашањето дали тие бараат на вистинското место.