ОТКРИ ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА – Чешкиот играч кој призна дека е геј има син на кој не му плаќа алиментација
Чехот Јакуб Јанкто, фудбалерот на Хетафе кој моментално е на позајмица во Спарта од Прага, вчера призна дека е геј и ја шокираше спортската јавност, а во оваа прилика се огласи и неговата поранешна девојка со која има дете.
Јанкто од врската со Маркета Отоманска го има тригодишниот син Давид, а врската ја прекинаа пред две години. Неговата поранешна девојка тврди дека Јанкто не плаќа редовно алиментација и дека платил само една рата.
“Тој му испрати на синот само 600 евра во изминатите пет месеци и тоа само затоа што има судски налог. Тажно е и сите мои пријатели се изненадени. Барам излез од оваа непријатна ситуација. Клубот на самохраните мајки ми помогна многу минатиот месец“, рече Отоманска, која се навраќа на неговото признание.
„Попрво да не ја коментирам неговата исповед, поради нашиот син, кој ќе мора да порасне со таа ситуација. Тоа е само приказната на Јакуб, неговото признание.
Јанкто во текот на кариерата настапуваше за Удинезе, Асколи, Сампдорија, Хетафе и Спарта, а за чешката репрезентација одигра 45 натпревари и постигна еден гол.