Едем или оток на телото може да биде симптом на сериозни здравствени проблеми.
Во зависност од тоа кој орган е изложен на ризик, може да се одреди според местото на едемот или отокот.
Отекувањето на нозете под колената често укажува на проблеми со срцето и крвниот притисок. Задржувањето на водата во телото го зголемува ризикот од тромбоза. Може да биде последица и на артроза, артритис или присуство на воспалителен процес.
Доколку отокот е концентриран во пределот на стапалото или глуждот, време е да се посети кардиолог, особено ако истовремено се јавуваат тешкотии со дишењето. Ова може да значи дека лицето почнало да развива срцева слабост.
Сериозен е и отокот на лицето. Често се јавува кога има проблем со тироидната жлезда. покрај тоа, потребно е да се провери состојбата на забите и бубрезите.
Лекарите исто така веруваат дека отокот може да укажува на алергии, дијабетес и рак. Ако се појави едем, лекарите советуваат да одите на преглед што е можно поскоро за да ја дознаете причината за проблемот.