Отпорни на куршуми и хемиско оружје, чинат цело богатство: Како изгледаат автомобилите што ги возат Бајден и Си? (фото)

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пристигна во својата прва посета на САД по шест години, а се очекува во Сан Франциско да се сретне со неговиот американски колега Џо Бајден.

Кси беше пречекан на аеродромот со највисоки државни почести, а за време на посетата ќе се вози во својот автомобил „Хонгки седан“ долг 5,4 метри и тежок 3,1 тон.

Овој рачно изработен луксузен автомобил со кодно име N701 чини 700.000 долари, направен е од ракетен оклоп, отпорен на куршуми, а содржи и систем кој штити од хемиско и биолошко оружје.

Си првпат го користеше таканаречениот автомобил со „црвено знаме“ за време на државната посета на Нов Зеланд во 2014 година, две верзии на автомобилот Hongqi L5. Истите лимузини, отпорни на куршуми , го транспортираа за време на турнејата низ Југоисточна Азија и Пацификот во април 2019 година.

Внатрешноста на возилото е украсена со делови од розово дрво, а седиштата се обложени со најфина бела кожа.

„Ѕверот“ на Бајден

Иако автомобилот на Си има импресивни карактеристики, чини половина од „ѕверот“ на Бајден. Овој познат автомобил го придружува Бајден на сите патувања во земјата и странство.

„Кадилакот“ на Бајден чини неверојатни 1,5 милиони долари, има ноќни камери, солзавец и оклоп со дебелина од 20 сантиметри. Тежи осум и пол тони и е така изграден да не може да се преврти во случај на несреќа.

Гумите се направени од специјален материјал и се отпорни на ракетен напад, а направени се така што, доколку се оштетат, автомобилот може да продолжи да вози.

Автомобилот на американскиот претседател е опремен со електронски систем од висока класа и сателитски телефон, што му овозможува на претседателот постојан, директен контакт со неговиот заменик и Пентагон и да го контролира воениот и нуклеарниот потенцијал на земјата.

Секогаш содржи боца со кислород, како и неколку единици крв од крвната група на претседателот на САД. Во него може да се возат претседателот и уште четири лица, а сите патници се одвоени од возачот со стаклен прозорец. Претседателот е единствениот кој може да го спушти прозорецот со копче.

Во багажникот на „ѕверот“ има противпожарен апарат, параван и апарат за правење димна завеса. А резервоарот за гориво на ,,Ѕверот” е оклопен и исполнет со специјална пена што го спречува да експлодира дури и во случај на директен удар.

Да потсетиме, кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пристигна во Сан Франциско, каде ќе учествува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) и ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Ова е прва посета на Си на САД од 2017 година, кога американскиот претседател беше Доналд Трамп.

Си ќе се сретне со Бајден наутро по локално време и тоа ќе биде прва билатерална средба меѓу двајцата претседатели за една година.