Прво место на 56 Детски Рацинови Средби, за најдобар ИКТ проект на тема ,,Да му го земеш јазикот на народот – тоа значи да му ја земеш душата” – Рацин, освои ОУ ,,Јосип Броз Тито”.
Имено, учениците од ова училиште снимија краткометражен филм за Рацин, под менторство на наставникот по македонски јазик, Рамазан Раманоски.
Жири комисијата која беше составена од еминентни македонски поети, писатели и режисери, едногласно одлучи наградата да ја добие ова училиште затоа што најдобро го отсликуваше животот и делото на најпознатиот македонски поет Кочо Рацин.
Споменатиот ИКТ проект можете да го погледнете на овој ЛИНК
Наградата беше им беше врачена од поетесата Десанка Николова.
,,Среќен сум што токму ние освоивме прво место. Детските Рацинови Средби е најголемата литературна Манифестација во Македонија – настан на кој сите ние имаме можност да му оддадеме почит на Рацин и да се присетме на неговото творештво. Воедно, ова е прилика и можност и учениците да го прават тоа што Рацин најмногу го сакал – пишувањето. Благодарност до Организациониот одбор и до сите оние кои беа вклучени при реализација на програмата. И, да. Рацин сме сите ние”, изјави професорот Рамазан Раманоски, под чие менторство беше снимен и филмот.
На истиот настан беа доделени и наградите и од литературниот, ликовниот, ораторскиот и рецитаторскиот натпревар.
Настанот изобилуваше и со богата културно – уметничка програма подготвена од МДСП премиера на чело со Претседателката Анита Станинова М.
Детските Рацинови средби беа дел од свеченостите за 9 Ноември – Денот на Општина Велес.