Официјален Киев потврди: “Ослабнаа борбите во Бахмут, но гранатирањето во областа несмалено продолжува“
„Борбите во Бахмут ослабнаа, но гранатирањето продолжува во областа“, соопшти денеска заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар. Таа, на социјалната мрежа Телеграм, напиша дека украинските војници држат мало упориште на работ на градот и дека руските сили ги чистат окупираните области.
Војската на Русија во саботата соопшти дека презеле целосна контрола врз Бахмут во источна Украина по речиси една година тешки борби.
Украина вели дека напредувала на разорените северни и западни крила на градот, во надеж дека ќе ги опколи руските војници.
Хана Маљар ги повтори тврдењата на Киев дека украинските војници сè уште надгледуваат мал дел од градот, 15 месеци по почетокот на руската инвазија. „Нашите војници ги надгледуваат југозападните предградија во областа Литак, прецизираше украинската функционерка. Тие постигнаа одреден напредок „на северното и јужното крило“, додаде Хана Маљар без да елаборира.
Руската офанзива донекаде ослабе, но „истовремено, количината на гранатирање остана подеднакво голема“.