Официјален НАТО: Македонија влезе во Алијансата со новото уставно име

Македонија влезе во НАТО под уставното име и ова е името со кое се воведува, изјави за грчката новинска агенција АНА-МПА претставник на Северноатлантската алијанса во врска со употребата на името Македонија од претседателката Силјановска Давкова.

Службеникот, чие име не се открива, за АНА-МПА изјави дека Македонија е важен сојузник на НАТО и „значително придонесува за нашата колективна безбедност“.

Како пример ги спомена војниците распоредени во мисијата КФОР на Косово, мисиите во Ирак, како и мултинационалните борбени групи на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија.

„Договорот од Преспа го отвори патот за членство на Македонија во НАТО и придонесе за добрососедски односи, кои е важно да се одржуваат меѓу сојузниците. Македонија влезе во Алијансата со уставното име и со тоа име се воведува во НАТО“, рече функционерот.