ОФИЦИЈАЛНА СОФИЈА И ГО СВРТЕ ГРБОТ НА МОСКВА – Бугарија од денес забрани руски автомобили да ја минуваат границата !?
Бугарската забрана за влез на руски автомобили во земјата стапува во сила од денес, додека забраната за камиони е на сила веќе неколку месеци.
На тој начин Бугарија им се придружи на Литванија, Латвија, Естонија, Полска, Финска и Норвешка во запирањето на автомобили со руски регистарски таблички на границата, објавија соседните медиуми.