ОФИЦИЈАЛНО – Добри вести за навивачите на Манчестер Јунајтед, брилијантниот тинејџер останува лојален на ‘црвените ѓаволи’ – потпишан нов договор

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед соопшти дека го продолжил договорот со 18-годишниот Аргентинец Алехандро Гарначо до летото 2028 година.

Алехандро Гарначо е роден во Шпанија и играше во помладите категории за Атлетико Мадрид, пред да пристигне во Манчестер Јунајтед пред две години, каде исто така се проби низ системот до првиот тим каде што се наметна оваа сезона.

Досега има 29 настапи за сениорскиот тим на „црвените ѓаволи“ со четири гола и пет асистенции, но нема настап од средината на март поради повреда на скочниот зглоб.