ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДЕНО – Конечно добри вести за Србинот! По долга пауза Новак Ѓоковиќ се враќа на терените
По малку подолга пауза повторно на теренот ќе го видиме српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, а оваа информација ја потврдија и организаторите на турнирот.
Имено, Новак ќе учествува на овогодинешниот турнир во Монте Карло, официјално потврдија организаторите, кои објавија на социјалната мрежа Твитер.
Турнирот во Монте Карло е на програмата од 9. до 16. април, а љубителите на тенисот едвај чекаат повторно да ги видат најголемите мајстори од овој спорт на теренот, пред се Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Вреди да се нагласи дека ова ќе биде прв турнир за Надал по елиминацијата на Австралија опен, а Шпанецот досега 11 пати го освојувал турнирот во Монте Карло.
Новак деновиве напорно тренира во Белград, а оваа сезона има феноменален рекорд од 15-1, додека освојуваше титули на турнирите во Аделаида и Австралија опен.