Верските храмови во Балканскиот Ерусалим исполнети со верници за Божиќ. По завршувањето на литургијата, верниците палејќи свеќи се помолија за здравје, мир и среќа а оние пак кои постеа ја примија светата причест, и си го честитаа празникот, со радосниот поздрав: Христос се роди! Вистина се роди!
Охриѓани се радуваат на овој голем верски празник спремајќи богата трпеза на која традиционално семејствата се собираат на празничен ручек. Божик според православниот обичај се слави три дена.