Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека наскоро планира телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и да побара од него да ги повлече војниците од Украина.
На конвенцијата на германската протестантска црква во Нирнберг, Шолц потсети дека претходно разговарал со Путин по телефон, објави Ројтерс.
– Планирам да го направам тоа повторно наскоро – изјави германскиот канцелар.