Очаен потег на Шолц: Еве што бара германскиот канцелар од Путин

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека наскоро планира телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и да побара од него да ги повлече војниците од Украина.

На конвенцијата на германската протестантска црква во Нирнберг, Шолц потсети дека претходно разговарал со Путин по телефон, објави Ројтерс.

Планирам да го направам тоа повторно наскоро – изјави германскиот канцелар.