ОЧЕКУВАЛА ЕДНО А ДОБИЛА СОСЕМА ДРУГО – Оваа девојка заминала на естетска корекција но доживеала невиден срам! Докторот и соопштил нешто од што таа сакала да ‘пропадне во земја’ (видео)
Девојка која заминала во Бразил на операција за подигнување на задникот останала запрепастена кога за време на пред-операциониот преглед и било кажано дека не може да добие одобрение за операцијата.
Девојката со име Ени објави видео на социјалната мрежа ТикТок во кое ја објаснува ситуацијата, поради што се чувствува „целосно засрамено“ и како да се „направила будала“ од себе, пишува The Sun.
„Закажав термин за операција, летав за Бразил да ги направам сите мои здравствени тестови, срце, крв, се. Резултатите од крвта беа добри, а потоа отидов на кардиолог да видам дали е се во ред. Ги погледна моите анализи на крвта, кои јас не ги ни погледнав бидејќи мислев дека нема потреба. Ми го провери срцето и кажа: Се е во ред, само гледам други работи овде...“, вели Ени во видеото кое привлече многу внимание кај корисниците на ТикТок.
Тогаш докторот ја прашал дали ја прегледала крвната слика, на што таа одговорила дека не ја погледнала бидејќи знаела дека е добро. Потоа и рекол дека не може да ја одобри оваа операција. Таа кажува дека веднаш го помислила најлошото.. Меѓутоа, докторот тогаш и кажал дека е бремена, и тоа повеќе од еден месец, судејќи по количината на хормоните за бременост во крвта.
„Мајка ми седеше до мене, а јас реков дека мислам дека не сум бремена бидејќи испив апче следниот ден. Се чувствував толку засрамено и шокирано“, раскажала девојката во видеото.
„По ѓаволите, ова е најскапиот тест за бременост за кој сум слушнал. Летови, хотел и сè друго…“, коментира еден корисник на социјалната мрежа ТикТок под објавата на што Ени одговорила: „Си дојдов дома без пари и бремена“.
„Познатото апче ‘Ден потоа’ не делува ако веќе овулирате“, додала друга личност во коментар а Ени одговорила дека и девојките кои ја гледале нејзината приказна треба да го запомнат тоа и да бидат внимателни.