Откако програмскиот колегиум на МКЦ ја доби и втората тужба против градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со правосилна одлука на Управниот суд, Основното јавно обвинителство оформи предмет.
Ова за НОВАТВ го потврдиле од службата за односи со јавност на ОЈО, одговарајќи на нашето новинарско прашање, дали ОЈО презема дејствија по одлуката на Судот во полза на тужителите.
„Оформен е предмет и јавен обвинител презема дејствија на проверки.“, одговорија од ОЈО.