Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за развој на истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материјали од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик .
Истрагата започнала бидејќи осомничениот во својот автомобил „ауди А8“ нелегално носел огнено оружје и муниција – два пиштола, едниот со калибар 7,65 мм, а другиот со калибар 9 мм со по четири чаури. Во автомобилот е пронајдено уште едно оружје за кое пријавениот имал дозвола за поседување, со осум чаури и уште две огнени оружја.
Оружјето било пронајдено во автомобилот со кој управувал малолетниот син на осомничениот.
Детето кое овој месец наполни 15 години, на 23 јануари вечерта на Волково го сопрела полицијата додека се возел во Волково.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка на безбедност против осомничениот татко – забрана за напуштање на местото на живеење, поточно обврска повремено да се јавува пред назначенато службено лице, одземање на патната исправа и одземање на возачка дозвола, но и забрана за влез на неговиот малолетен син, други малолетни или други неовластени лица во просторијата или куќата каде што има огнено оружје.