Откриено што може да биде причината за овој инцидент
Авионот Су-34 се урна денеска во руската област Воронеж за време на тренинг лет , а двајца членови на екипажот останаа неповредени откако безбедно се катапултираа , соопшти руското Министерство за одбрана.
Министерството соопшти дека авионот се урнал далеку од населбата и дека не носел муниција.
Причината за инцидентот може да биде технички дефект, посочија од министерството, пренесе Тасс.