ПОСТИГНАТ ДОГОВОР – Турција вети дека ќе го ратификува приемот на Шведска во НАТО за многу кратко време

Тобијас Билстром, министерот за надворешни работи на Шведкса, денес изјави дека добил гаранции од неговиот турски колега Хакан Фидан дека Анкара ќе го ратификува приемот на Шведска во НАТО „за неколку недели“.

Протоколот за пристапување на Шведска во НАТО, за кој е потребна едногласна поддршка од 31 членка на Организацијата на Северноатлантскиот договор, се чека од мај 2022 година.

Турција и Унгарија се последните членки кои го блокираа влезот на Шведска, откако во март го потврдија влезот на Финска.

Тобијас Билстром (лево) и Хакан Фидан (десно) со Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО (во средината)
ТОБИЈАС БИЛСТРОМ (ЛЕВО) И ХАКАН ФИДАН (ДЕСНО) СО ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ, ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО

Тобијас Билстром, сепак, изрази претпазливост.

Се разбира, ние никогаш ништо не земаме здраво за готово“, изјави првиот човек на шведската дипломатија пред новинарите во Брисел пред почетокот на вториот ден од министерскиот состанок на НАТО.

Во средината на ноември турскиот парламент почна да го разгледува протоколот за прием на Шведска во НАТО.

Претседателот на ТурцијаРеџеп Таип Ердоган, го отповика своето вето во јули, прецизирајќи дека конечната одлука е на турскиот парламент.

Во Брисел денеска завршува дводневната средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО.