Падна жежок бакнеж сред настап: Поради провокативниот потег на познатите пејачки, мажите останаа во делириум! (ВИДЕО)

Нати Наташа и Беки Џи дефинитивно го одбележаа овогодинешниот фестивал Коачела во Калифорнија.

Беки Џи одржа концерт, а како изненадување за публиката ја покани својата најдобра пријателка Нети Наташа да го отпее нивниот глобален хит „Son of Pijamas“.

Со оглед на големата популарност што ја имаат пејачките ширум светот, овој заеднички настап предизвика воодушевување кај фановите.

Освен со пеење на своите хитово тие ја забавуваа публиката и со играње, но без сомнение најголемо внимание привлече големото финале, откако беше испеана песната. Имено, по настапот, двете пејачки си разменија бакнеж, што предизвика воодушевување како кај оние кои присуствуваа во живо, така и на социјалните мрежи.

Беки Џи објави фотографии на својот Инстаграм по настапот, вклучително и една која го овековечи моментот на Нати и нивното бакнување. Сликата има над три милиони лајкови и речиси осум илјади коментари.