ПАДНА “МОЗКОТ“ НА КАВАЧКИОТ КЛАН !? Еден од најбараните бегалци во Европа е уапсен во познат ски-центар во Босна и Херцеговина

Младен Самарџија (33 г.), кој досега важеше за еден од 50-те најбарани бегалци барани од Европол, денеска е уапсен во Јахорина, во акција на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, пренесува Klix.ba.

Младен Самарџија е роден 1990 година, а обвинет е дека бил член на меѓународна криминална група која дејствувала во рамките на поголема меѓународна криминална група од Црна Гора наречена и позната како – „Кавачки Клан“.

Полицијата во Словенија распиша потерница по Младен Самарџија затоа што избегнувал да дојде во судот каде што се гони за организиран криминал и трговија со дрога.

Тој ја координирал испораката на нелегални дроги и пари и регрутирал нови членови на криминалната група преку шифрирана апликација за комуникација Sky, која ја користат мафијашите и криминалците ширум светот. Со кривични дела противправно прибавил голема материјална корист за себе. Младен Самарџија е означен како опасен.

слика
Младен Самарџија

Повикувајќи се на документи од истрагата, словенечките медиуми наведуваат дека Младен Самарџија се сметал за снабдувач на хероин кој бил цел на тајните истражители на словенечката полиција во август 2020 година. Како што е соопштено, тајните агенти купиле хероин од куририте на Младен Самарџија, а на кесите биле откриени неговите отпечатоци од прсти.

Инаку, Младен Самарџија беше уапсен и лани во Пале, кога во возилото му беа пронајдени 58.400 евра готовина и четири мобилни телефони, кои привремено беа одземени заедно со автомобилот. Уште тогаш се знаеше дека е еден од најбараните бегалци, но беше ослободен бидејќи двојното државјанство го штити од екстрадиција во Словенија.

Исто така, Младен Самарџија во медиумите беше споменуван како кум на водачот на „Шкалјарскиот Клан“, Јован Вукотиќ, кој беше убиен во Турција.

слика
Младен Самарџија