Падна од сцена: Џала Брат доживеа несреќа на настап! (ФОТО/ВИДЕО)

Босанскиот рапер Јасмин Фазлиќ попознат како Џала Брат доживеа несреќа за време на настап на плажа на хрватскиот остров Паг.

Настапуваше со Буба Корело, а како што се познати по истите комбинации, овојпат носеа и црни наочари, кои го спречија Џала да ја види огромната дупка покрај бината.

Раперот незгодно зачекори, се лизна и падна во дупката, а сите присутни беа преплашени.

Буба Корели и луѓето на сцената веднаш притрчаа да му помогнат, а неговиот пад стана вирален на социјалните мрежи.

По ова раперот објави дека се чувствува добро по оваа несреќа.