ПАДНА СИСТЕМОТ НА ЕВЗОНИ, КОЛОНИТЕ НЕМААТ КРАЈ Колапс на пат кон морето, огромни гужви кон Грција! Блокада на тунелот Сожина во Црна Гора (ФОТО)
БЕЛГРАД – На граничниот премин Евзони на влезот во Грција се создаде огромна гужва, а како што информираат српските туристи кои моментално се во долга колона, граничниот систем пропаднал, пишувва белградски Курир.
Туристи од граничниот премин во српската Фејсбук група „Грчка инфо“ јавуваат дека кај Евзони во моментов се чека три и пол часа, а ништо подобра не е состојбата и на „алтернативниот“ премин Дорјан, каде возилата се задржуваат само еден час помалку.
Според нивните информации, на Евзони паднал систем, а се формирале долги колони возила.
Велат нема да работи до вторник“, пишуваат загрижените српски граѓани во коментарите.