ПАДНА ХЕЛИКОПТЕРОТ КОЈ ГО НОСЕЛ ИРАНСКИОТ МИНИСТЕР: Во несреќата ИМА загинати, камерата го сними МОМЕНТОТ НА ПАДОТ НА ЛЕТАЛОТО (ВИДЕО)
Хеликоптер со министерот за спорт Хамид Саџади се урна во јужен Иран при слетување во спортски комплекс во градот Бафт.
Болнички извори известија дека советникот на министерот за спорт, кој беше повреден во несреќата, починал при падот, пренесува Iran International.
Есмаил Ахмади, кој погина, беше висок советник на министерот за спорт.
Медиумите во Техеран објавија дека министерот имал крварење во мозокот, иако официјалната веб-страница на владата ИРНА не објави детали за неговата повреда.
Локалните медиуми јавуваат дека најмалку четворица патници се повредени и пренесени во медицинските центри.
Во интервју за ИРНА, очевидец рече дека видел неколку лица однесени во медицинските центри откако хеликоптерот изгубил контрола при слетувањето.
На фотографијата од несреќата се гледа дека дел од хеликоптерот е одвоен.