Спектакуларната сцена од прелетување на метеор по ноќното небо во Турција е снимена случајно додека татко го снимал своето дете на игралиште во градот Ерзурум.
Би-би-си пренесува дека Онур Качмаз е автор на видеото во кое темното небо одеднаш трепка и станува смарагдно зелено.
Се вели дека снимката е направена додека метеорот минувал над Ерзурум и турската провинција Гумушане на истокот на земјата.
Британскиот медиумски сервис наведува дека облаците како да се „запалиле“ бидејќи во тој момент метеорот ја пробил горната атмосфера на Земјата и наеднаш почнал да се загрева поради триење.