Пад на цената на нафтата на светскиот пазар

Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа во понеделник поради очекувањата дека ограничувањата на производството во Саудиска Арабија и Русија ќе продолжат до октомври, јавува Anadolu.

Меѓународната референтна цена на суровата нафта „брент“ утринава изнесуваше 88,48 долари за барел, откако падна за 0,08 отсто.

Американскиот репер West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше за 85,45 долари за барел, откако падна за 0,11 отсто.

Цените во петокот го достигнаа највисокото ниво од ноември минатата година на 88,99 долари за барел поради загриженоста дека Саудиска Арабија и Русија ќе го задржат ограничувањето на производството до октомври.

Загриженоста особено се зголеми откако рускиот вицепремиер Александар Новак во четвртокот рече дека земјите од ОПЕК + се согласиле да го намалат снабдувањето.