Пакистанците одржаа состанок и најавија одмазда: „Армијата е овластена да ги изврши сите акции“

Комитетот за национална безбедност на Пакистан одржа состанок со кој претседаваше премиерот на земјата, Шехбаз Шариф.

По нападот извршен од Индија на територијата на Кашмир, тензиите во овој дел од Азија дополнително се разгореа, а по состанокот, пакистанските претставници изјавија дека земјата има право на самоодбрана.

„Повикувајќи се на член 51 од Повелбата на ОН, Пакистан го потврди своето право на самоодбрана. Предупредуваме дека го задржуваме правото да одговориме на Индија во време, место и начин по наш сопствен избор. Вооружените сили на Пакистан се целосно овластени да преземат соодветни мерки“, рекоа тие.

Во соопштението се вели дека пакистанската војска „решително го бранела“ територијалниот интегритет на земјата од, како што се наведува, индиска агресија.

Исто така, тие повторија како соборија пет борбени авиони и беспилотни летала на Индија во вчерашните престрелки.

Покрај тоа, Пакистан ги отфрли тврдењата на Индија за терористички кампови во Кашмир и Пакистан.

„Пакистан спроведе чесна, неутрална и транспарентна истрага веднаш по нападот на 22 април. За жал, Индија не го прифати ова“, рекоа тие.