Утрово две средни училишта во Скопје добиле мејл пораки дека во нивните згради била поставена експлозивна направа. Од МВР за МКД.мк ја потврдуваат оваа информација.
„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, велат од МВР.
Наставата во училиштата не беше прекината.