Палевски: Не се плашам од доживотен затвор

Првообвинетиот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жезоски, Љупчо Палевски Палчо, вели дека бил осуден на прес-конференција на тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител Гаврил Бубевски на 5 декември 2023 година.

Рече дека не се плаши од доживотен затвор.

,,Доживотниот затвор не ме плаши и не ме засега“, рече Палевски.

Тој рече дека пресудата за него веќе на прес-конференција ја донеле Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски.

„Судијата го крие оружјето затоа што не е во согласност со пресудата претходно нарачана на прес-конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Има докази кои судијата не сака да ги види и не ме ни дозволува да ги претставам. Не знам како судијата ќе ги оцени доказите кога не ги прочитал“, рече Палевски.