Памела Андерсон направи револуција! Се појави во неверојатно издание: Ова не го прави често, а сега ги воодушеви сите! (ФОТО)

Актерката Џејми Ли Кертис јавно ја пофали Памела Андерсон за нејзината одлука да прифати поприроден изглед и да се откаже од шминката. Памела на штотуку завршената модна недела во Париз се појави исклучиво без шминка, со природна – не премногу средена или стилизирана.

,,Револуцијата за природна убавина започна“, напиша Џејми во својата објава.

И иако Памела е со години зад Алиша Кис, која одамна се откажа од шминката, она што и’ дава изненадувачка предност на целата работа е имиџот што актерката го одржува во текот на нејзината кариера, а особено од 1992 година, кога за првпат се појави во серијата Beachkeepers.

Памела откри дека во последно време повеќе го сака изгледот без шминка.

„Попрво би ги покажала моите пеги… Забавно е да старееш. Тоа е олеснување. И на одредени возрасти изгледаме само помлади и посвежи без шминка. Ова сум јас – среќна сум со тоа каква сум во моментов. Тоа е нов свет и јас сум многу благодарна за целата љубов“, изјави таа неодамна.

Како што велат – Памела без шминка на модната недела во Париз е бунтовничка затоа што ја отстранува илузијата „секс бомба“ по која е позната уште од 90-тите. Жените се воодушевени од овој нејзин потег и масовно и’ се заблагодаруваат.

Шерил Томпсон, вонреден професор по перформанс на Универзитетот Метрополитен во Торонто, рече дека причината зошто толку многу луѓе ја поздравуваат одлуката на Памела да оди без шминка е затоа што „многу жени се уморни постојано да работат на создавање на вид на женственост што е прифатен во нашата култура.

Томпсон објасни дека во нашата култура не сакаме да старееме. Освен тоа, луѓето отсекогаш имале одредена слика за тоа како треба да изгледа секс бомба од 90-тите како Памела Андерсон.

„Очигледно, ако не се шминкате, таа фантазија целосно исчезнува. Можеби Андерсон влегува во таа фаза од животот каде што чувствува дека може да биде инспиративно за другите жени да видат како некој ја фрла таа фасада“, рече професорката.