ПАНИКА ВО УКРАИНА – Овој руски потег никој не го очекуваше: Погледнете што распореди Владимир Путин долж границата
Русија распореди 46 свои ракетни системи од типот „Искандер“ долж украинската граница, потврди портпаролот на Воено разузнавачка агенција на Украина (ГУР).
„Системите ‘Искандер‘ можат да истрелаат крстосувачки и балистички ракети врз украинската цивилна инфраструктура“, рекол Вадим Скибицки, заменик-директорот на ГУР, на брифингот за медиумите во неделата во Киев.
Во петокот украинската Армија објави дека Русија го погодила градот Криви Рих со ракетен систем „Искандер-К“. Во петокот Русија изврши вкупно 13 напади врз украински цели, соопшти главниот штаб на украинската Армија во саботата наутро.
Руските сили често користеа ракети „Искандер“ во нападите врз украинските цели, кои се тактичко оружје способно да лансира нуклеарни боеви глави.
Западните експерти претходно шпекулираа дека Русија би можела да го користи ракетниот систем „9К720 Искандер“, кој НАТО го оперира под ознаката СС-26, доколку одлучи да посегне по нуклеарен арсенал.