Група словенечки туристи од кампот на Муртер ја напуштиле Хрватска откако забележале необични дамки на нивните тела, чија причина се уште не е позната.
Некои веднаш помислиле дека може да се работи за бубачки, додека еден лекар се посомневал дека причината е песочна мушичка која пренесува лајшманиоза.
Словенечките туристи на група на Фејсбук ги споделија своите искуства со необична појава. Според нив, дамките кои се појавиле не само што се шират и отекуваат, туку и страшно горат и неверојатно чешаат.
Еден од членовите на групата рекол дека уште од првиот ден нешто го мачи во изнајмената приколка. Отпрвин мислеле дека се работи за бубачки, па постелнината ја измиле темелно, ја напарувале и користеле разни средства за заштита од инсекти.
Но, ништо од тоа не помогна, бидејќи каснувањата не стивнуваа, туку ги имаше се повеќе и дамките се шират. Лекарите на едно семејство му препишале антибиотици и антихистамин.
„Му пишав на мојата докторка, таа беше единствената што рече дека можеби е „песочна мушичка““, напишала една жена, објаснувајќи дека работата не е потврдена, дека засега се само шпекулации.
Imamo tukaj mogoče zdravnika, ki bi znal prepoznati te pike. Dogaja se v kampu na otoku Murter in imamo več primerov. Piki bolijo, pečejo in srbijo, pri zdravniku so dobili antibiotik, antihistaminik in injekcijo. Nekateri omenjajo peščeno muho. pic.twitter.com/4TM2YQteaP
— Avtokampi.si (@Avtokampi) August 12, 2024
Друга Словенка напишала дека дел од ноќта ја поминала во итната медицинска помош и примила интравенски лекови.
„Темките болат, чешаат, горат, психички и физички сум исцрпена“, рече таа и додаде дека дошла до заклучок дека единствено решение е да се вратат дома, иако им било тешко бидејќи биле на долг -очекуван и платен одмор, објави хрватскиот портал Индекс.
Во коментар се огласија уште неколку туристи кои имаат слични искуства. „Утре се враќам на лекар, закажуваме тест за лајшманиоза“, напиша еден Словенец.