Паника на плажа во Грција каде што летуваат Македонци: Голема змија излезе од морето, ги вознемирува туристите, со денови не можат да ја фатат (ВИДЕО)

Голема змија излегла од морето и прилично ги исплашила капачите на плажа во Евија.

Според локалните медиуми, непријатната сцена е снимена на плажата Алмиропотамоза. На видеото се гледа ,,балкански смок”, која е безопасна змија, меѓутоа, присуството на големото животно на плажата ги вознемири туристите меѓу кои имаше и Македонци.

Локалните медиуми јавуваат дека змијата во последните денови доаѓала на плажата кај малото пристаниште. Претседателот на месната заедница Христос Гоцис веднаш пристигнал и се обидел да ја фати змијата која избегала во карпите.

,,Балканскиот смок” нормално достигнува должина од 120 см, има мала глава, маслинеста боја со црни дамки на грбот и бел на стомакот. Опашката му е многу тенка и достигнува 30 см во есенските и зимските месеци. Живее во шумите и сушните региони на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Италија, Црна Гора, Словенија, Хрватска и на многу грчки острови како Крит, Евија, Китира… Неговата храна вклучува мали влекачи, глодари, птици…

Смокот не се смета за опасна змија бидејќи нема отров, но може да ги нападне луѓето доколку е директно загрозена.

Ова не е првпат туристите и локалните жители да бидат вознемирени од присуството на змија.

Заменик-градоначалникот пред неколку дена фотографираше друг смок како плива покрај него.