Папараци го фатија Новак Ѓоковиќ како ужива на плажа (ФОТО)

По поразот во финалето на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ ужива на црногорското приморје.
Новак Ѓоковиќ не успеада триумфира во финалето на Вимблдон, откако Карлос Алкараз беше подобар од него по пет сета.

Веднаш по финалето српскиот ас од Лондон замина за Црна Гора каде ги полни батериите пред почетокот на американската турнеја.

Информерот дошол до ексклузивни снимки од одморалиштето Портонова каде што може да се види Новак како се релаксира по исцрпувачките натпревари во Лондон.

Новак денеска уживаше во убав ден на плажа, децата кои беа присутни природно веднаш го забележаа. Ѓоковиќ ја искористи можноста и да се капе во морето.

Следен турнир на кој ќе учествува е Синсинати кој е закажан за 13 август, а потоа ќе учествува на УС Опен кој започнува на 28 август.