Папарацо фотографиите на Салма Хајек не се ни близу како оние на мрежите: Овде не може да си ги „испегла“ лицето и телото

Салма Хаек неодамна беше фотографирана на семејна јахта за време на летен одмор во Мексико, а вниманието на мрежите го привлекоа фотографиите кои не поминаа низ „милион“ филтри за разубавување.

Фотографиите брзо се раширија на социјалните мрежи, а забележлива е разликата меѓу оние на Инстаграм и фотографиите од папарацо.

Од приложениот материјал нема сомнеж дека Салма Хајек има неверојатни облини на 57-годишна возраст, но разликата е во тоа што тие не се фотошопирани како на нејзиниот официјален Инстаграм, каде актерката изгледа како да има 30-ти години.

Да потсетиме дека Хајек често е мета на критики во јавноста поради нејзините фотошопирани објави на социјалните мрежи. Така, во една прилика на Инстаграм споделила своја профилна фотографија, а нејзините многубројни обожаватели биле згрозени од глетката.