Папата Лав XIV: „Од денес сум Римјанин“

Папата Лав XIV ја заврши последната церемонија за преземање на улогата на епископ на Рим, по што изјави дека сега станал Римјанин.

Вчера, Папата формално ја презеде базиликата „Свети Јован Латеран“, која е седиште на Римската епархија, а на мисата што ја водеше присуствуваа свештеници и верници, објави АП.

Папата рече дека сака да ги чуе Римјаните, за да учи од нив и да ги разбере работите за кои треба заедно да одлучат.

„Можам да кажам дека за сите вас и со сите вас од денес сум Римјанин“, рече Лав XIV.

После тоа, тој отиде во црквата Санта Марија Маџоре во папамобилот, каде што се помоли на гробот на папата Франциск.

Една од многуте функции што папата Лав XIV ја доби со неговата инаугурација за поглавар на Римокатоличката црква на 8 мај е титулата епископ на Рим, потсети АП.