ПАПАТА ФРАНЦИСКО ИМ СЕ ОБРАТИ НА ТЕРОРИСТИТЕ НА ХАМАС – “Ослободете ги сите заложници!“

Папата Франциско денес ја повика милитантната исламистичка група Хамас да ги ослободи сите заложници што ги зароби за време на нападот врз Израел.

Истовремено, Папата изрази сериозна загриженост за целосната израелска опсада на Појасот Газа, пренесува медиусмката агенција Reuters.

За време на аудиенцијата во неделата, Папата истакна дека Израел, како нападната страна, има право да се брани, но кажа дека е многу загрижен поради целосната опсада под која се наоѓаат Палестинците во Појасот Газа и каде што има и многу невини жртви.

Околу 150 луѓе од различни националности, меѓу кои и жени и деца, беа киднапирани од Хамас во Израел во саботата и префрлени во Појасот Газа.