ПАПАТА ФРАНЦИСКО НЕ СЕ ЧУВСТВУВАЛ ДОБРО: Поглаварот на Римокатоличката црква попладнето бил примен во болница

Папата Франциско попладнето бил подложен на скенирање во римската болница „Џемели“, со цел да се исклучи ризикот од компликации на белите дробови. Резултатот бил негативен и папата се вратил во својата резиденција во Куќата на Света Марта.

Тоа е официјалното соопштение на прес-службата на Ватикан, па папата има грип и неговата состојба не е загрижувачка. Но, со оглед на неговата возраст, одлучено е да се откажат сите состаноци за сабота, 25 ноември. Во 10 часот тој требаше да се сретне со претседателот на Република Гвинеја, Оумар Сисок Ембала.