Папата Франциск повика на дијалог поради „тешката“ ситуација во Судан

– Папата Франциск повика на „дијалог“ поради „тешката“ ситуација во Судан, каде повеќе од една недела траат судирите меѓу армијата и паравоените сили. Во рамки на традиционалната неделна молитва во Рим тој повика да не се заборават и Украинците погодени од војната.

„За жал, ситуацијата во Судан останува сериозна, поради што повторно повикувам насилството таму што побрзо да прекине и да се продолжи по патот на дијалогот. Ги повикувам сите да се молат за нашите судански браќа и сестри“, рече папата во рамките на традиционалната неделна молитва на плоштадот Свети Петар во Рим.