Паралелно одржувал врски со 35 жени, а кога ќе дознаете зошто, ќе останете во шок: Уапсен за измама, а не можете ни да претпоставите зошто
Сериското „момче“ беше уапсено во Јапонија пред две години откако водел 35 различни девојки во исто време и добивал подароци и честитки од сите. Такаши Мијагава , хонорарец со скратено работно време од регионот Кансаи во Јапонија, на секоја од жените со кои излегувал ѝ кажал дека неговиот роденден е на различен датум. И не помина убаво.
Овој 39-годишник беше уапсен затоа што измамил 35 жени откако се преправал дека е сериозен за нив.
Вистинскиот роденден на Мијагвин е 13 ноември. Во еден случај, Мијагва ѝ кажал на 47-годишната љубовница дека неговиот роденден е на 22 февруари, додека друга жртва, 40, рече дека и’ кажал дека неговиот роденден е во јули. Трета жена, која има 35 години, рече дека тој и’ рекол дека роденденот му е во април.
Според „SoraNews24“, вкупниот број на жртви во 2021 година, кога беше уапсен, е 35 жени, со можност да се појават уште повеќе.
Заедно, жените го обвинија Мијагава дека ги измамил со роденденски подароци, облека и пари во вредност од 665 фунти.
Осомничениот се сретнал со своите жртви додека работел за маркетинг компанија која продавала водородни туш глави и други производи.
Тој, наводно, ги таргетирал самохраните жени и секоја врска ја започнувал со сугестија дека бракот ќе биде иден во нивната врска . Сепак, жените на крајот формираа здружение на жртви и го пријавија Мијагава во полиција во февруари истата година.