Парис Хилтон за прв пат ПОКАЖА КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА ЌЕРКАТА КОЈА ЈА КРИЕШЕ ОД ЈАВНОСТА СО МЕСЕЦИ: Ова е нејзиното второ дете кое го доби со помош на сурогат мајка

Парис Хилтон сподели прекрасни фотографии од нејзината ќерка Лондон.

Парис Хилтон (43) која во ноември го доби своето второ дете со помош на сурогат мајка, за прв пат покажа како изгледа нејзиното второ дете.

„Ви ја претставувам Лондон Мерилин Хилтон-Реум, сонував да имам ќерка по име Лондон од кога се сеќавам. Толку сум благодарна што таа е тука за вистински да го цени секој момент што ќе го поминам со неа. Заедно со Феникс, моите бебиња ангели ми покажаа љубов за која никогаш не знаев дека може да биде толку длабока пред да станам нивна мајка. Моето неверојатно патување низ мајчинството инспирираше нова, длабоко лична песна со мојата драга пријателка Сиа наречена „Fame Won’t Love You“.

„Песната служи како потсетник дека посебната врска што ја чувствувам со моите деца, сопруг и семејство е повредна од било што друго на светот“. Тоа е химна која ќе ве поттикне да ги држите вашите најсвети односи уште поблиску до срцето – без разлика дали со семејството, пријателите или со себе. Се надевам дека ќе го сакате исто како и јас“, напиша Парис.

Претприемачката има син и ќерка со нејзиниот сопруг Картер Реум, со кој почна да излегува во 2019 година.