Парис Хилтон исмејувана по ревијата: „Вака одам кога сум пијана“ 

Парис Хилтон се прошета на ревијата на Муглер со крената глава, но поради нејзината прошетка брутално беше исмејувана на социјалните мрежи.

Британскиот Вог објави клип од нејзината модна писта од шоуто на Инстаграм во вторникот, со Хилтон облечена во смел црн мини фустан.

На некогашната мрежа на Твитер, сега веќе Х мрежа, најмногу се инспирираа за шеги, а еден твит гласеше: „Вака одам кога ставам штикли еднаш годишно“.

„Вака одам кога сум пијан, но се обидувам да докажам дека не сум“, „Извини, но зошто оди како РобоКап? Ми се допаѓа аутфитот“, гласат некои од други коментари, а еден корисник праша: „Што, по ѓаволите, оваа кокошка прошета?“.

Имаше и такви кои ја бранеа, тврдејќи дека има свој стил и начин на одење уште од 90-тите.