Парис Хилтон откри зошто одлучила да биде сурогат мајка: Имам ПТСН од се што поминав

Парис Хилтон неодамна за медиумите откри зошто решила да стане сурогат мајка и како се справува со улогата на мајка. Откако нивната сурогат мајка во јануари го роди синот Феникс, Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум се одлучија за уште една сурогат бременост, каде што добија ќерка на која и дадоа име Лондон.

Бидејќи паровите ретко се одлучуваат на ваков потег, Парис Хилтон откри зошто одлучила да не се породи.

„Едноставно имам ПТСН од сето она низ кое поминав како тинејџерка“, истакна таа.

Патем, во документарниот филм „Ова е Париз“ од 2020 година и во нејзините неодамна објавени мемоари, Хилтон тврдеше дека како тинејџерка била физички, сексуално и емоционално малтретирана за време на 11-месечен престој во училиштето за проблематични млади во Кањонот Прово, вклучително и будењето среде ноќи и без согласност на гинеколошки прегледи.

Долготрајната траума направи Хилтон да се чувствува несигурна и да се плаши од породување речиси исто како и смртта.

„Ако сум на лекар, добивам инекција, буквално ќе доживеам напад на паника и нема да можам да дишам. Само знаев дека нема да биде здраво ниту за мене, ниту за бебе затоа што расте внатре во некој што има толку висока вознемиреност“, објасни таа.

Но, има уште една причина зошто Хилтон одлучила да има деца преку сурогат мајка, а тоа е што поради бројните обврски не би можела да најде време за бременост.

Таа истакнува дека никогаш не се чувствувала подобро откако станала мајка и дека нејзините деца се многу мирни и добри, за разлика од децата на нејзините другарки кои постојано се жалат дека се исцрпени.