Парите на Саудиска Арабија сепак не можат да купат се: Ливерпул одби 150 милиони фунти за Мохамед Салах
Англискиот фудбалски гигант Ливерпул ја одби понудата од 150 милиони фунти за Мохамед Салах од саудискиот прволигаш Ал-Итихад, објави BBC.
Ливерпул инсистира на останување на египетскиот напаѓач, а конечната одлука на клубот е дека Мохамед Салах да не е на продажба.
Мохамед Салах во Ливерпул пристигна од Рома во 2017 година, а минатото лето потпиша нов тригодишен договор со Ливерпул.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, минатата недела изјави дека Мохамед Салах е 100 отсто посветен на Ливерпул, а денес го повтори ставот на клубот дека фудбалрот не е на продажба.
„Ставот останува ист. Апсолутно нема сомнеж за тоа. Немам што друго да кажам“, рекол Јирген Клоп на новинарите.
Мохамед Салах постигна 187 гола и запиша 76 асистенции на 308 натпревари за Ливерпул.