Престој во Европа…
Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси нема да ја прифати астрономската сума на саудиски Ал Хилал вредна 400.000.000 евра годишно, што би го направило двојно поплатен фудбалер од Кристијано Роналдо, пренесува Марко.
Роналдо замина во Ал Наср во зима за 200.000.000 по сезона. Сега Ал Хилал сака да му одговори на најголемиот ривал и да го доведе Меси за споменатите 400.000.000, но се чини дека нема ништо од тоа.
– Парите не му се најважни. Другите играчи подлегнаа на искушението, но Меси се чини дека чека други опции. Барселона се надева на чудо, а ПСЖ се надева дека ќе го задржи. Впечаток е дека поголема понуда не е пресудна. Ситуацијата со Роналдо и Меси во Саудиска Арабија не е иста – вели Марко.
На Меси (35) на лето му истекува договорот со парижаните. Во овој момент не е сигурно дека следната сезона ќе го гледаме во Париз.
Многумина би сакале да го видат назад во Барселона, но засега нема индикации дека ќе се врати во Каталонија.