Пари капат од сите страни: Кампањата на Камала Харис собра 310 милиони долари во јули

Кампањата на американскиот потпретседател и демократски претседателски кандидат Камала Харис денес соопшти дека собрала 310 милиони долари во јули, главно придонесени од мали донации откако претседателот Џозеф Бајден се повлече од трката и ја поддржа да го наследи.

Оваа бројка е двојно поголема од сумата од 138,7 милиони долари колку што и собрал нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп во истиот месец, пренесува Ројтерс.

Со тоа вкупната сума собрана од Харис и, пред неа, Бајден, изнесува повеќе од 1 милијарда долари, што го прави најкраткиот период во историјата на претседателската кампања за да се собере толку многу, се истакнува од нејзиниот штаб.