ПАРТНЕРСТВО ОД КОЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ ТРЕПЕРИ – Ким Џонг-ун и Владимир Путин формираат сојуз со една цел

Ким му го честиташе на Путин Националниот ден на Русија и испрати порака што подразбира зајакнување на соработката.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вети дека ќе ја зајакне стратешката соработка на двете земји „ рака под рака “ со рускиот претседател Владимир Путин во насока на постигнување на заедничката цел за изградба на помоќни држави , објави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Ким го даде ова ветување во пораката до Путин по повод Националниот ден на Русија, бранејќи ја одлуката на Русија да ја нападне Украина со изрази на „целосна поддршка и солидарност“, пренесува Ројтерс.

„ Правдата сигурно ќе победи и рускиот народ ќе продолжи да ја слави својата победничка историја“, рече Ким во пораката што ја пренесе агенцијата КЦНА. Ким ја повика официјална Москва на поблиска стратешка соработка „рака под рака“ со рускиот претседател, во согласност со заедничката желба на луѓето од двете земји да ја постигнат големата цел за изградба на моќна земја. – стои во пораката.

Северна Кореја ја поддржа Русија по минатогодишниот напад на Украина, обвинувајќи ја за конфликтот „хегемонистичката политика и аксијалноста на Соединетите Американски Држави“.