Експертите велат дека нивното миење само ги уништува, а сигурно не сакате брзо да го „фрлите“ ова парче облека.
Чип Берг, шефот на најпознатиот бренд на фармерки во светот – Levi’s, открива дека секој што си ги пере фармерките прави голема грешка.
Тој смета дека фармерките никогаш не треба да се перат, а со него наводно се согласуваат и други модни експерти.
„Секој вистински љубител на фармерки ќе ви каже никогаш не ги перете, бидејќи едноставно ќе ги уништите побрзо“, изјави тој за Си-Ен-Ен, признавајќи дека не ги испрал фармерките 10 години.