ПАТНИЦИТЕ ВО ПАНИКА ЛЕТАА ПО ПАЛУБАТА! ДРАМА ВО ФЛОРИДА: Крузер полн со патници влета во страшна бура (ЗАСТРАШУВАЧКО ВИДЕО)
На социјалните мрежи се појави застрашувачка снимка на која се гледа како патниците на бродот за крстарење фатени во бура трчаат на безбедно и се обидуваат да си ги спасат животите.
Имено, се работи за брод за крстарење, „Ројал Кариби“, кој превезувал голем број туристи. Инцидентот се случил на Флорида, а во еден момент палубата на бродот толку се навалила што гостите буквално почнале да „летаат“ од едниот до другиот крај на бродот.
Овој страшен момент го снимил еден од патниците, а на него се слушаат преплашените гости, кои гледале како летаат лежалки и чадори од силниот ветер и паѓаат врз луѓето кои не успеале навреме да побегнат.
Она што најмногу ги загрижи корисниците на социјалните мрежи е тоа што никој од екипажот на бродот не ги информирал патниците што се случува и каде да се засолнат за да бидат безбедни.
„Наместо да им кажувате на луѓето да одат на горната палуба додека имаме предупредување за силно невреме, можеби треба да бидете повеќе загрижени за вашите гости и вработени и да им кажете да влезат внатре“, се вели во видеото објавено на Твитер.