Патничката задоцнила на летот, па излегла на пистата мислејќи дека ќе успее да го фати авионот! (ВИДЕО)
Мислела дека сè функционира како во јавниот превоз
Една патничка доцнела на својот лет на аеродромот во Канбера, па решила да оди по пистата мислејќи дека ќе може да се качи.
- Изгледа мислеше дека сепак може да се качи во авионот – изјави очевидецот Симон Халеп.
Таа се обиде да го запре летот на QantasLink кој летал за Аделаида.
Таа го прекршила секое можно безбедносно правило и му викала на пилотот за да му го привлече вниманието.
- Луѓето беа шокирани, таа практично сакаше да скокне во авионот, сите се прашуваа дали некој ќе ја спречи – изјавил друг патник Денис Билиќ.
За среќа, пилотот го исклучил моторот на авионот, а австралиската полиција ја извадила патникот од пистата.
Поради необичен инцидент летот доцнел 10 минути.
Нешто слично се случи и во јули, кога патник на летот за Бангкок побара од пилотот да го сврти авионот бидејќи ја оставил торбата на аеродромот во Чианг Маи.